6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев денеска слави, а еве и зошто (фото)

Зоран Заев го завршил средното образование во струмичката гимназија како одличен ученик. Денеска тој се врати во училишните клупи, после 25 години од матурирањето, како премиер.

„Горда сум на целата генерација, но посебно на мојот ученик Зоран Заев, кој што денеска е претседател на Владата на Република Македонија. Се гордеам со него и како човек и како политичар. Тој е најдобриот и најуспешниот ученик во мојот 40-годишен работен стаж во образовниот систем“, рече класната на Заев, Билјана Витанова.

По завршувањето на класниот час, премиерот Заев со своите соученици и класната раководителка, дружењето го продолжија во едно од струмичките кафулиња. Заев беше ученик во средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица во генерацијата 1989 – 1993 година.

Спонзорирано: