4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Откако ја тестирал нејзината верност, пред камерите одлучил да ја запроси девојката (Видео)

Еден Американец побарал помаш од екипата на едно шоу како би ја тестирал својата девојка и како би проверил дали би му останала верна ако атрактивен маж се обиде да ја заведе.

Екипата на шоуто, кое се базира на скриена камера, на девојката и подметнала модел кој и пришол додека јадела во ресторан. Ја прашал дали би сакала да има приватни тренинзи со него. Прво го одбила бидејќи има момче, но кога видела дека не се откажува, му рекла дека е бремена.

Она што не го знаела е дека нејзиното момче ја следи целата сцена.

Откако нејзиниот дечко дознал дека му е верна одлучил да ја запроси.

Купил прстен и по цел град оставил пораки кои ја упатувале девојката кон „нивното посебно место“. Откако ја запросил и девојката се согласила, се прегрнале, а потоа ги изненадила екипата на скриената камера и им честитала за запросувањето и бременоста. Девојката делувала изненадено.

– Што? Зарем ви изгледам дебело, прашала таа.

Објаснила дека бременоста ја измислила за да се реши од додворувачот.

https://youtu.be/SgqgTzY37ms