20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Моќна порака на Александар Кирацовски на “24”: Македонија оди напред и враќање назад нема!

Македонија оди напред и враќање назад нема, порача Кирацовски во вчерашната дебата на телевизија 24.

235 милиони евра странски инвестиции влегоа во Македонија без ниту едно сечење на лента, порача Александар Кирацовски на тв дебатата со Игор Јанушев генерален секретар на ДПМНЕ, на тв 24.

Кирацовски соопшти дека во секој момент СДСМ е подготвена за избори и мерење на силите меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Ако интересите на граѓаните на Македонија е да го поразиме ВМРО ДПМНЕ, тоа ќе го направиме, беше јасен Кирацовски.

– Вие 11 години му ја виткавте кичмата на граѓаните. Граѓаните за прв пат се чувствуваат исправени и итаат напред кон посветла перспектива и за нив и за нивните деца, му реплицираше Кирацовски на Јанушев.

На избори можеме да одиме било кога, битно е вие да се охрабрите тоа кога ќе биде клучниот момент.

Кирацовски соопшти дека не е исклучена можноста избори да има на истиот ден кога и ќе се оддржи и референдумот за решението за името.

Целата дебата погледнете ја на следниот линк:

Спонзорирано: