15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каде е вечерва Никола Груевски?

Вечерва на митингот барем според првите фотографии, видеа не може да се забележи присуство на некогашниот премиер на Македонија и поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој во моментов е почесен претседател на партијата.

Сепак Груевски преку социјалните мрежи се обрати до членството:

Помина една година, а веќе ретко кој сеуште не ја препозна големата лага на СДСМ. Време е да им се испрати јасна порака. Дека знаеме и гледаме што се случува. Дека не се согласуваме. И дека сакаме промени. Вечерва е добра можност. Поддршка за денешниот собир.
Македонија ќе победи!- напиша Груевски.

Инаку поранешниот директор на УБК и висок функционер во ВМРО ДПМНЕ, Сашо Мијалков беше забележан на протестот.

Спонзорирано: