15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема полициска акција во Скопје

Нова акција на полицијата против учесниците во диви трки. Во текот на вчерашниот ден во периодот од 19 до 24 часот од страна на одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје и одделението за сообраќајно-ескордно обезбедување била спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.

Како што информира МВР, од страна на полициски службеници привремно се задржани 10 моторцикли, поради сомнение на вградување одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по чл.53 од Законот за возила и истите во текот на денешниот ден ќе бидат упатени на вонреден технички преглед.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 46 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

Спонзорирано: