4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Високиот функционер објави одлична вест за Македонија: Вакво нешто со години не е видено во земјава

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на собраниската седница за пратенички прашања истакна дека Владата, како никогаш досега е посветена на економскиот раст и развој, како и воспоставување и одржување на високо ниво на соработка со сите компании кои работат во Република Македонија.

Резултатите на работата се покажуваат, а како пример вицепремиерот го истакна податокот од Народна банка на Република Македонија за рекордно ниво на странски директни инвестиции во првиот квартал во 2018 година.

„Во првиот квартал на 2018 година, вкупните странски директни инвестиции изнесуваат над 235 милиони евра, што е повеќе од вкупниот износ на странски директни инвестиции во 2017 година и е највисок квартален износ од 2006 година. Со оглед на овој податок, паѓаат во вода сите инсинуации за пад на инвестициите и за економско замирање“, истакна вицепремиерот.

Според податоците на Народната банка на Република Македонија странските директни инвестции во првиот квартал на 2018 година изнесуваат 235.03 милиони евра. Како за споредба, согласно податоците на НБРМ овој износ за три месеци е повисок од вкупните странски директни инвестиции во календарските 2009, 2010, 2012, 2014, 2015 и 2017 година.