23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мајката преплашена: Не можев да заспијам кога видов што има на фотографијата (Фото)

Мајката Лаура Ватсон од англискиот град Newcastle upon Tyne се запрепастила кога малку подобро ја погледнала фотографијата која ја снимила за време на излет со своето семејство.

Таа, имено, ги фотографирала својата 15-годишна ќерка, 9-годишнит син и 16-годишниот внук, но подоцна открила дека на фотографијата се наоѓа уште едно лице.

Зад 9-годишникот се наѕира поприлично страшно лице на уште едно дете, иако мајката е уверена дека во тоа време во паркот немало никој освен нив.

Иако не верувала во духови и паранормални активности, Лаура вели дека оваа фотографија и го променила мислењето. Фотографијата ја објавила на својот Фејсбук профил каде добила големо внимание.

– Ова е многу необично и сите сме преплашени. Ќерката и јас не можевме да заспиеме минатата ноќ, раскажала таа за Мирор.

Спонзорирано: