15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бе-ем-ве се заби во бетонски столб – полицијата јавува за повредени

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15 часот се случила на регионалниот пат Скопје-Куманово.

МВР информира дека патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(32) од с. Арачиново-скопско, удрило во бетонски столб и ограда.

-Притоа, со повреди се здобиле возачот Ф.М. и сопатникот Ф.Б. (26) од с.Мојанци-скопско. Тие со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош. Кај Ф.М. биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај Ф.Б. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување, информираат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Спонзорирано: