13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата една година удира по најсиромашните

Македонија тоне и економски и политички. Картелот на власт предводен од Зоран Заев ги носи граѓаните кон сиромаштија и беда, обвинува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Цената на дизелот од јули минатата година до денес се зголеми за над 40 проценти, односно од 46 денари за литар дизел во 2017 година, граѓаните сега во 2018 плаќаат го 65 денари. Една година владеење на СДСМ, значи една година удирање по најсиромашните. Една година на Зоран Заев, значи една година неработење, хаос и безредие“, смета опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека акцизата е покачена за 3,5 денари, што претставува директен трошок од над 40 милиони евра за граѓаните и за стопанството, а во исто време ја поттикнува и спиралата на раст на цените, со што трошокот на граѓаните е ноколкукратно поголем.

„Граѓаните се соочуваат со вистинско ценовно цунами. Загрижувачки се бројките кои покажуваат дека со една просечна плата во јуни минатата година се купувале 487 литри дизел, додека сега со покачување на акцизата од страна на СДСМ можат да се купат 364 литра дизел, што е за 123 литри помалку. Граѓаните осиромашуваат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: