19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Убиен новинар од Мексико на границата со САД

Ектаор Гонсалес Антонио, вработен како новинар во Мексико, бил убиен во сојузната држава Тамаулипас, на границата со САД, соопшти обвинителството.

Во соопштението се наведува дека новинарот работел како дописник за весникот „Екселсиор“ и соработник на локалните медиуми. Тој е петти новинар кој е убиен во Мексико годинава.

Четириесетгодишниот новинар кој исчезна пред неколку дена бил оженет и татко на две деца.

Од 2 000 година во Мексико се убиени повеќе од 100 новинари, што ја прави земјата една од најопасните за работа во оваа професија.

Спонзорирано: