12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во ураганот Марија во Порторико загинале над 4.600 луѓе

Над 4.600 луѓе загинале во ураганот Марија, што минатата година го погоди островот Порторико. Бројот е 70 пати поголем од официјалниот, покажуваат проценките на студијата на Универзитетот Харвард. Една третина од смртните случаи по ураганот во септември се должи на прекините во медицинската грижа предизвикани од прекини на електрична енергија и прекинати патни врски, велат истражувачите. Официјалната бројка на загинати изнесува 64.

“Големината на оваа трагична катастрофа предизвикана од ураганот Марија резултираше со многу жртви”, изјавил Карлос Меркадер од Федералната администрација на Пуерто Рико, кој го поздравил истражувањето на Харвард.

Тој додал дека властите на островот, исто така, им наложиле на Универзитетот Џорџ Вашингтон да го проучат бројот на смртни случаи и дека овие наоди ќе бидат објавени наскоро.

“Двете студии ќе ни помогнат подобро да се подготвиме за идните природни катастрофи и да ги спречиме да не загубиме животи”, рекол Меркадер.

Истражувачите од Харвард велат дека интервјуата спроведени во Порторико укажуваат на зголемување на смртноста од 60 отсто во три месеци по невремето.

Тие контактирале со повеќе од 3.000 случајно избрани домаќинства меѓу јануари и март оваа година и ги прашале за раселување, загуба на инфраструктура и причини за смрт.

Тие потоа ги споредиле нивните резултати со официјалните стапки на морталитет за истиот период во 2016 година, повеќе од една година пред ураганот да го погоди островот.

Истражувачите велат дека прекинуваната медицинска нега била примарна причина за одржливи високи стапки на морталитет во месеците по ураганот.

Спонзорирано: