10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Новинар и снимател загинаа од урнато дрво додека известуваа за последици од бура

Телевизиски новинар и снимател загинаа во Северна Каролина додека известувале на периферијата на тропската бура Алберто, која стигна до јужните американски држави.
Тие вчера го возеле своето теренско возило по автопат во близина на градот Трајон, кога големо дрво паднало врз автомобилот и ги убило на местото, објави официјален претставник на сообраќајната патрола во Северна Каролина.
Новинарот Мајк Макормик и снимателот Аром Смелцер работеле за телевизија со седиште во Гринвил, Јужна Каролина.
Тие непосредно пред несреќата го интервјуирале шефот на противпожарната служба, Трајон Џефри Тенент. Кога заминале, му рекле да биде внимателен во врска со бурата, а и тој им го кажал истото.
Десет минути подоцна пожарникарите добиле повик за несреќен случај во кој учествувал репортерскиот автомобил, рече Тенент на прес-конференција.
Тој изјавил дека коренот на големото дрво се олабавил во земјата натопена од дождот кој врнел цела недела. Тенант додал дека новинарите загинале на самото место.
Спонзорирано: