20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов терористички напад – има мртви

Бенџамин Херман (36) е напаѓачот кој пред неколку часа уби двајца полицајци и еден минувач во градот Лиеж, во Белгија. Обвинителството соопшти дека станува збор за терористички чин.
Херман во понеделникот бил привремено пуштен од затвор, каде што издржувал казна заради продажба на дрога. Иако тој не бил поврзан со претходни терористички дела, се смета дека се радикализиран додека бил во затвор.
Двајца агенти и еден минувач беа застрелани утрово во Лиеж, а сторителот беше убиен од страна на полицијата. Белгиските медиуми објавија дека напаѓачот најпрво пукал во полицајци, а потоа избегал во училишната зграда каде што киднапирал една жена, по што објектот бил целосно заклучен. По едночасовна драма, напаѓачот бил убиен, а децата кои биле во училиштето се безбедни. Певеќето белгиски медиуми исто така пренесоа дека во моментите пред неговата смрт, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“.
Спонзорирано: