19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најблискиот соработник на Ким отпатува за Њујорк

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека високиот севернокорејски функционер Ким Џонг-чол заминал кон Њујорк на преговори за претстојната средба на високо ниво меѓу Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.
„Составивме одличен тим за нашите преговори со Северна Кореја. Во моментов се дискутира за состанокот. Ким Џонг-чол, заменик-лидерот на Северна Кореја, се упати кон Њујорк“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Твитер“.
Претходно јужнокорејските медиуми објавија дека Ким Џонг-чол е меѓу патниците на летот од Пекинг до Вашингтон, но подоцна ги корегираа податоците и објавија дека ќе летаат за Њујорк.
Ким е поранешен шеф на севернокорејската разузнавачка служба, а сега е втор човек во земјата и е задолжен за меѓукорејските прашања.
Спонзорирано: