20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драма на македонските патишта: Прво се престигнувале по патот, а потоа извадил и оружје

Триесетгодишен маж со иницијали А.З. од селото Непроштено, Тетовско, пријавил дека му била загрозена безбедноста додека со семејството се враќал од Тетово.

„А.З. со неговото возило ‘голф’ застанал во близина на спортската сала во Непроштено. По него застанало и друго возило ‘цитроен’, со кое претходно се престигнувале по патот. Од другото возило излегол А.С. (61) од селото Џепчиште и по кратка расправија извадил пиштол, а А.З. веднаш го напуштил местото на настанот. Подоцна, А.С. самиот се пријавил во Полициското одделение Теарце. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР за овој случај.

Спонзорирано: