19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Докторите не знаат какви последици ќе остави нервниот агенс „новичок“ врз Скрипалови

Лекарите кои ги лечеле поранешниот двоен руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка од труењето со нервниот агенс „новичок“ велат дека не знаат какво ќе биде нивното здравје во иднина.

„Искрено да кажеме, не знаеме“, одговорила докторката Кристина Бленшард прашана за долгорочните ефекти врз здравјето на Скрипалови откако тие беа отруени со нервниот агенс. Таа додала дека прогнозата е многу неизвесна.

Стивен Џукс, кој ги лекувал отруените татко и ќерка во првата недела откако биле примени во болница, за „Ројтерс“ изјавил дека и двајцата покажувале знаци оти нема да преживеат.

Лекарите првично биле загрижени дека инцидентот, кој се случи на 4 март годинава, е многу посериозен.

„Кога во болница беше примен полицаец со истите симптоми, се појави загриженост дека ситуацијата може да се прошири на многу повеќе лица… Во тие моменти навистина не знаевме што може да се случи“, изјавила главната медицинска сестра во болницата, Лорна Вилкинсон, осврнувајќи се на полицаецот кој бил исто така отруен од нервниот агенс во моментот кога се обидувал да им помогне на Скрипалови.

Колку за потсетување, таткото и ќерката беа пронајдени затруени на клупа во британскиот град Салзбури.

Спонзорирано: