4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Една од најбогатите арапски држави одгледува крави среде пустина

Во Катар, пустинска земја на Блискиот Исток, на едно место може да се видат сцени кои потсетуваат на питомите пејзажи од Англија или од американскиот Среден Запад. Во големи штали, ако воопшто може така да се наречат, за молзење чекаат стотици крави. Но, надвор нема зелени ридови и ширни ливади, туку само песок.

Менаџерот на фармата „Баладна“, лоцирана на 50 километри од Доха, вели дека пред една година таму речиси немало ништо, а сега се градат куќи, штали и големи погони.


Катар досега увезувал млеко па крави не биле потребни, но Саудиска Арабија ја затвори границата за да ја казни земјата за наводно помагање на исламистички групи и „Ал-Џезира“, медиумска куќа која е критички настроена кон сите соседи на Катар. Дипломатите се повлекоа, а патувања и трговски врски забранија и Емиратите, Бахреин, Мавританија и Египет.

Најбогатата земја во светот (ако се во суди според паритетот на куповната моќ), по ваквите санкции, за помош се сврте кон Турција и Иран.

На фармата со авиони биле довезени 3 400 холштајн крави, а остатокот биле пренесени со бродови, така што вкупната бројка достигнала 14 000 грла.

Самата фарма станла и туристичка атракција за домашните 2,6 милиони жители. Кај тамошните жители има интерес на посета, исто како таа да е некој забавен парк – се посетуваат локалните ресторани, се прават пикници во паркот, децата ги галат кравите итн.