13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ со жестоко соопштение до ВМРО ДПМНЕ – еве што соопштија

Наместо да манипулира со невистини и да навива за неуспех на државата, ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните и да ги поддржи реформите, реагира СДСМ по обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да се обидуваат да манипулираат со јавноста, во ВМРО-ДПМНЕ треба да се информираат и добро да го прочитаат Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија. Таму ќе видат дека Европската комисија го констатира напредокот во сите области. Извештајот на ЕК дава кристално чиста препорака за Македонија, а Комисијата ја оцени Македонија како најдобра во регионот на Западен Балкан и Турција, за спроведување на препораките во економската програма за реформи“, се вели во соопштението на СДСМ.
Владејачката партија додава дека Македонија е на вистинскиот пат и тоа е препознаено од целиот демократски свет и земјите членки на Европската унија.
„Македонија тргна напред и тоа е признаено од сите, освен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да навива за неуспех на Македонија и преку невистини да се обидува да манипулира со јавноста, ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за грабежите и поделбите што ги правеше цели 11 години, а потоа да преземе одговороност и да ги поддржи промените кои ја движат Македонија напред“, смета СДСМ.
Спонзорирано: