13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Какво време ја очекува Македонија?

Во текот на денот ќе има сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели особено на север и на запад ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се движат од 9 до 16 односно максималните од 25 до 32 степени.
Околу скопскиот регион исто така претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови повторно се зголемува облачноста и ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе е во интервал од 14 до 29 степени.
Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Во понеделник ќе има повеќе услови за краткотраен дожд особено на северот и западот од земјата. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде претежно од северен правец.
Спонзорирано: