11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Важна вест за сите оние кои се во Охрид

Полицијата ги известува сопствениците на патничките и другите моторни возила за дислокација на возилата од неколку улици во Охрид кои ќе бидат целосно затворени за сообраќај, со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод одбележувањето на 1000 годишнината од постоењето на Охридската Архиепископија.

„Денеска, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, врши известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата од улицата „Абас Емин“ со булевар „Туристичка“ , улица „Кирил и Методиј“, паркинг просторот кај „Горна порта“, улицата „Кузман Капидан“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, кон кружната крстосница со кеј „Македонија“. На овие улици, целосно ќе биде затворен сообраќајот за моторни возилаи и пренасочуван по кеј „Македонија“. На овој потег е забреното паркирање на патнички и други моторни возила“, соопшти СВР Охрид.

Полицијата додава дека посебниот режим на сообраќај ќе отпочне утре од 9 часот и ќе трае до 28 месецов до 12 часот. Во севкупните безбедносни мерки на настанот се вклучува и полициската станица од општа надлежност Охрид како и полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ со присуство на полициски службеници во патролни полициски чамци.

Спонзорирано: