11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент ја потресе Македонија: Повредени се двајца македонски полицајци

Триесетгодишен маж, со иницијали Б.Ј. кој управувал возило натоварено со огревно дрво повредил двајца полициски службеници, бегајќи од нив бидејќи сакале да го сопрат.
„Вчера околу 19 часот на патот Прилеп-Битола полициски службеници забележале патничко возило „опел омега“ со велешки регистарски ознаки кое било натоварено со огревно дрво. Тие се обиделе да го сопрат возилото, но возачот ја зголемил брзината и притоа повредил двајца полициски службеници. Набргу потоа, возилото било запрено од друга полициска патрола“, соопшти МВР.
Б.Ј. бил приведен во Полициската станица Прилеп, а повредените полициски службеници биле пренесени во Општа болница Прилеп. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. Од страна на Јавен обвинител на Б.Ј. му била изречена мерка притвор.
Спонзорирано: