10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Почнуваат летните температури – подгответе се за 30 степени Целзиусови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи.
Попладне во јужните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Температурите ќе се движат од 8 до 15,  а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 24 до 31 степен.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурите ќе се движат од 12 до 28 степени.
Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во јужните делови.
Спонзорирано: