11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“ кој бил на самото место јавил дека биле уништени три тунели и други помошни објекти.

На оваа локација, Северна Кореја наводно извршила шест нуклеарни проби, а ова уништување, како што навела државната агенција КЦНА, ja претставува посветеноста на Пјонгјанг за денуклеаризација на земјата до која дојде по самитот одржан во април по средбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговиот јужнокорејски колега Мун Џае-ин.

Северна Кореја во април најави дека ќе започне со суспензија на нуклеарните и ракетните тестови како и дека ќе го уништи полигонот за тестирање. Пјонгјанг тогаш соопшти дека земјата сега ја интересираат само економски раст и добри односи со соседите.

Само неколку часа по уништување на полигонот, американскиот претседател Доналд Трамп го откажа самитот со Ким што требаше да се одржи на 12 јуни во Сингапур.

Спонзорирано: