5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Супер вест за граѓаните: Милиони денари легнаа на сметките на илјадници граѓани

Денеска ќе се исплатат 235 милиони денари или речиси 3,9 милиони евра субвенции за тутунот од реколтата 2017, на 3.828 тутунопроизводители. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека оваа сума е дел од преостанатите 20 отсто за исплата на субвенциите за тутунот.

„Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги обработува решенијата за преостанатите субвенции за тутунот, и се очекува исплатата комплетно да заврши во текот на следната недела. Минатата недела се исплатија 22 милиони евра или околу 80 отсто од вкупната сума за исплата на субвенции за тутунот, на 20.880 тутунари. Сумирано со денешната исплата, досега се исплатени близу 26 милиони евра за субвенции за тутунот од реколтата 2017 за 24.708 тутунари“, соопшти Министерството.

Оттаму велат дека тутунарите добија зголемени субвенции за тутунот, односно според новиот модел на субвенцирање со кој субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари за килограм, за втора класа 70 денари, а за трета, четврта и дополнителните класи субвенцијата изнесува 60 денари за килограм.

Целта на новиот модел на зголемено субвенционирање, додава МЗШВ, е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција

„Оваа година се постигна и убедливо највисока просечна цена за тутунот од 217,6 денари за килограм.
Тутунопроизводството е значајна гранка за македонското земјоделство, која што носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно“, заклучи Министерството.

Во насока на создавање поволни услови и поттикнување развој на оваа култура, МЗШВ го најавува и новиот закон за тутун, кој е во финална фаза. Со него се предвидува укинување на поднесувањето евидентни листови, со што најавуваат олеснување на адмнистративните процедури.

Спонзорирано: