4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ситуацијата на Хаваите ескалира, вулканот исфрла камења и пепел

Лавата од хавајскиот вулкан Килулеа експлодира во воздухот, исфрла камења и пепел, а додека пустоши сѐ пред себе и се слева во океанот, испушта токсични гасови.

Вака изгледа новата слика од Хаваите, каде што веќе две седмици трае борбата со вулканот што е во фаза на ерупција. Екслозиите се сѐ посилни и поразорни, воздухот сѐ повеќе е отровен, а летаат камења тешки и повеќе од неколку стотина килограми.

Лавата стигна и до геотермалната електрана, во која се наоѓаат тони токсичен материјал во буриња.

Борбата на работниците со електраната, која снабдува околу 25 проценти од домаќинствата на Хаваите, траеше цел ден и цела ноќ во обид да ја одвратат вжештената маса и да спречат досега невидена катастрофа.

Евакуирани се повеќе од 2 000 лица, а уништени се детици објекти, патишта и земјиште.