19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Прва црна жена номинирана за гувернер на американска држава

Стејси Абрамс, политичарка, правничка и книжевник од Џорџија, би можела да стане првата Афроамериканка гувернер на една американска сојузна држава, ако победи на изборите во ноември, пренесува Би-би-си.

Абрамс (44) победи на внатрепартиските избори на Демократската партија во Џорџија, каде што демократите не биле на чело на државата од 2003 година.

Ако биде избрана во длабоко конзервативната држава, Абрамс ќе стане првата жена и првата личност од етничкото малцинство што ќе ја води јужната држава.

Голем број жени се бореа и ги добија своите кандидатури на Демократската партија во Кентаки, Арканзас и Тексас.

Меѓу победниците е и политичкиот новодојденец Ејми Мекграт, поранешен борбен пилот, кој го освои првото место во Кентаки за место во Конгресот на САД.

Спонзорирано: