5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Откриен потонат брод со богатство вредно 17 милијарди долари, еве каде се наоѓа

Шпанскиот брод „Сан Хосе“, кој потонал во Карипското море во близина на брегот на Колумбија пред повеќе од 300 години, пронајден е пред три години со помош на подводно автономно возило со кое управувал Океанографскиот институт WHOI. Сепак, веста за пронаоѓањето на бродот беше објавена деновиве.

– Не зборувавме за тоа од почит кон колумбиската влада, изјавил Роб Муниер, потпретседател на WHOI за морски објекти и операции.

Точната локација на „Сан Хосе“ долго време се сметаше за една од најголемите поморски мистерии.

„Сан Хосе“, на 8 јуни 1708 година, потонал со 600 патници и членови на екипажот, како и со злато, сребро и смагарди.

Богатството се проценува на 17 милијарди долари и е предмет на правен спор помеѓу неколку нации и приватни компании.

УНЕСКО ја повика Колумбија да не врши комерцијално експлоатирање на најдениот потонат брод чија локација уште се чува како државна тајна.

Засега, богатството лежи недопрено на морското дно.

Спонзорирано: