21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вистинска драма: Објавена снимка од слетувањето на авион без преден стоен трап (Видео)

Сауди Газете објави на Твитер видео снимка од слетувањето на авион без преден стоен трап на аеродром во Џеда.

Ербас 330-200 на компанијата Сауди Арабиан Ерлајнс во кој се наоѓале 151 лице бил на лет од Медина кон Дака кога е пријавен технички проблем.

Пилотот избрал принудно слетување во Џеда, но претходно морал да кружи над аеродромот за да го потроши горивото.

Слетувањето брз преден стоен трап било успешно, а патниците и членовите на екипажот го напуштиле авионот низ излезите за случај на опасност.

Спонзорирано: