20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вилијам Хејг: Италија подготвува терен да ја напушти ЕУ, а виновен е Брисел

„Сцената е поставена” за Италија да ја напушти ЕУ бидејќи неуспехот на Брисел да ги исполни ветувањата кон италијанскиот народ значи дека тие ќе се повлечат од елитистичкиот трговски блок, тврди поранешниот лидер на ториевците и секретар за надворешни работи Вилијам Хаг, пренесува британски „Експрес“.

Хејг зборуваше за проблемите што ќе ги има со ЕУ новата десничарска коалиција во Италија бидејќи бриселските бирократи се обидуваат да ги спречат Италијанците да уживаат во придобивките за кои гласаа. Во својата колумна за „Телеграф“, лорд Хејг вели:

„Двете партии кои тукушто номинираа заеднички кандидат за премиер – Движењето пет ѕвезди и Лега норд – се сосема нова комбинација, жестоко спротивставени на повеќето од политиките што се спроведуваат во нивната земја и во остатокот од Европа изминатите неколку децении. Тие веќе долго време се против останувањето во еврозоната, ветија дека ќе протераат стотици илјади нелегални мигранти и усвоија економска програма што конвенционалните економисти ја сметаат за луда.“

Во колумната за „Телеграф“ Хејг посочи дека е скептичен околу тоа дали коалицијата ќе може да ги одржи своите политички ветувања откако ЕУ ќе се вклучи.

„Едно нешто што сигурно знаеме е дека ова ќе доведе до големо разочарување. Препуштена сама на себе, новата италијанска коалиција наскоро ќе открие дека ниеден разумен човек нема да им позајми пари за да го сторат тоа и дека економијата е премногу голема за некој да ја избави со мерки за спасување”, вели тој.

Хејг тврди дека ЕУ ќе ги спречи популистичките политичари на Италија да прават промени во политиката, предизвикувајќи незадоволство кон ЕУ27, што значи дека коалицијата ќе мора да ги прекрши ветувањата.

„Затоа разочарувањето и лутината може да бидат насочени не против новата влада во Рим туку кон Брисел и Берлин. ЕУ ќе ги спречи Италијанците да уживаат во придобивките за кои гласаа. Ако новите политички лидери сакаат да поттикнат процес што ќе доведе до напуштање на Италија на еврозоната, а според претходната реторика го сакаат тоа, сцената ќе биде совршено поставена за такво нешто”, вели Хејг.

Коментарите на Хејг доаѓаат во време кога Италија е на работ да назначи малку познат адвокат за иден премиер на нацијата. Џузепе Конте се смета за компромисен кандидат меѓу Пет ѕвезди и Лега Норд и нема политичко минато. Досега коалицијата понуди листа на реформи, вклучувајќи ги плановите за депортирање на 500 000 нелегални мигранти.

Спонзорирано: