13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лудило и варварство се новите санкции на САД, порача Венецуела

Новите американски санкции со кои на владата на Венецуела ѝ се ограничува можноста да продава имот во САД се илегални мерки, соопшти венецуелското Министерство за надворешни работи.

„Санкциите се лудило, варварство и апсолутно контрадикторни со меѓународното право“, изјави министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаза.

Неговата изјава следи како одговор на тоа што американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша нови мерки со кои се ограничува можноста на венецуелската влада да продава имот по изборите, кои Белата куќа ги оценува како измама.

Спонзорирано: