15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Купиле стар тросед па се запрепастиле од она што го пронашле внатре: Задолжително погледнете добро пред да купувате стар мебел

Тројца студенти пронашле стан во кој ќе живеат за време на студирањето во Њујорк, а потоа почнале да бараат мебел за опремување.

Купувале половен и евтин мебел, па така купиле еден тросед за само 20 долари. Не ни сонувале дека во троседот се наоѓа нешто скриено. Троседот го купиле од една стара жена.

По два дена користење забележале како нешто шушти кога ќе седнат на троседот.

Кога погледнале подобро, забележале коверт сокриен во креветот на кој ја пишувало името на жената од која го купиле троседот.

Имено, во ковертот се наоѓала заштедата која бабата ја собирала со години. Сопругот и починал, а таа завршила во болница. Незнејќи дека во троседот се наоѓа голема сума пари, ќерката го продала стариот тросед, заедно со останатиот мебел од куќата.

Студентите ја повикале жената да и ги вратат парите, а како знак на благодарност таа им подарила 1.000 долари.

Спонзорирано: