10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СДСМ со супер вест: Скок на платите во Македонија

Платите во Македтаонија растат, со растот од 5,6 проценти во март оваа година се потврдува успешноста на економските политики, тврди владејачката партија, која преку соопштението упатено до јавноста се осврнува на економските политики што ги предводи.

„Трендот на растот на платите во Република Македонија продолжува. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена за март е 5,6 отсто повисока во однос на март 2017 година. Просечната плата во првото тримесечје од 2018 година е 4,9 отсто повисока во споредба со истиот период од минатата година. Ова е уште една потврда дека Законот за минималната плата го дава посакуваниот ефект и дека се отвори спиралата на раст на платите. Македонија се стабилизира на економски план, а најголемa придобивка од тоа имаат граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Пртијата на власт додава дека за 11 месеци новата Влада успеала да создаде позитивна економска клима.

Забележани се, како што велат, раст на просечната и минималната плата, јавниот долг е намален и се забележува зголемување на животниот стандард како резултат на владините реформи.

Зголемена нето-платата во однос на март минатата година
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во март 2018 година во однос на истиот месец лани изнесува 23.694 денари, што претставува зголемување од 5,6 отсто, а просечната исплатена бруто-плата изнесува 34.764 денари и е повисока 5,3 отсто во споредба со март минатата година.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите рударство и вадење камен – 12,6 отсто, финансиски дејности и дејности на осигурување – 9,7 и информации и комуникации – 8,8 отсто.

Зголемувањето, пак, на бруто-платата е резултат на повисоката просечна месечна исплатена бруто-плата од вработен во секторите рударство и вадење камен – 17,3 отсто, информации и комуникации – 14,6 и преработувачка индустрија – 12,7 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата од вработен во однос на претходниот месец има во секторите рударство и вадење камен – 13,2 отсто, финансиски дејности и дејности на осигурување – 8,8 и информации и комуникации – 8,7 отсто.

Спонзорирано: