11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мачор спасил цело семејство од труење со гас

Седумгодишен мачор од Синсинати Мистер Бу станал вистински херој на социјалните мрежи откако ги спасил своите сопственици од сигурна смрт.

Овој мачор кој никогаш не мјаука, но користејќи ја таа способност, ги спасил сопствениците. Имено, нивната куќа се исполнила јаглерод моноксид, гас кој досега многу пати ширум светот бил причина за бројни смртни случаи, бидејќи е целосно незабележлив, без боја, мирис и вкус.

Мачорот Мистер Бу се движел низ ходник кога го почувствувал овој гас и непрекинато мјаукал, како да се обидува да го повика целото семејство.

– Се онесвести неколку пати обидувајќи се да не пробуди. Тоа е навистина неверојатно бидејќи никогаш порано не мјаукал, рекла неговата сопственичка Кекес, која, исто така, се онесвестила.

Таткото и братот ја извадиле Кекес надвор, а подоцна е спасена и нејзината мајка која со себе ја понела и мачката.

Спонзорирано: