5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вонредна: Пресврт во преговорите за името, ова е потегот на Ципрас вечерва

Само еден час откако премиерот Зоран Заев соопшти дека предлогот Илинденска Македонија е прифатлив, истиот е отфрлен од страна на грчката влада предводена од Алексис Ципрас.

„Го поздравуваме тоа што македонската страна прифати дека не може да има решение без „ерга омнес“, односно за сите употреби. Сепак, ние ги охрабруваме нашите соседи, да продолжиме да работиме заедно за да се најде заемно прифатливо име со географска или временска одредница, како што е предложено од страна на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц.

Претходно Ципрас ги информираше сите парламентарни партии во Грција, но и претседателот на земјата, сепак не доби поддршка за ова име.

После овој пресврт во спорот за името не може да се претпостави следниот чекор на Македонија.

Премиерот Заев по лидерската средба рече дека овој предлог е можен компромис за спорот за името и дека со пакетот решение се зацврстува идентитетот и јазикот кој останува македонски

Заев претходно упати и порака до Грците дека со ова решение се прави и јасна дистинкција од регионот Македонија во Грција.

Спонзорирано: