13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Електричен „суперавтомобил“ за само 4.000 евра (Фото)

Кинеските мајстори за копирање уште еднаш покажаа „генијалност“, а овој пат како инспирација им послужил прескапиот Bugatti Chiron. (Фото: China cars)

Малку познатата компанија Shandong Qilu Fengde го претставила моделот P8 кој само изгледот го поврзува со францускиот суперавтомобил вреден девет милиони долари.

Основната разлика: Shandong Qilu Fengde P8 е електричен автомобил кој го покренува мотор со моќност од 2,5 kW.

Компанијата наведува дека максималната брзина е редуцирана на 50 км/ч, додека без лимитатор P8 може да достигне брзина од 65 км/ч. Со полна батерија, која се полни 10 часа на 220 волти, можете да возите 150 километри.

Како и кај сите кинески автомобили, главен адут и кај P8 е цената. Shandong Qilu Fengde P8 чини 32 илјади јуани, односно 4.000 евра.

Спонзорирано: