10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Животни ги нареков членовите на криминални банди кои влегуваат илегално во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидел да објасни на што мислел кога за мигрантите рекол дека тоа не се луѓе туку животни кои треба да се протераат.

По кој знае кој пат, американскиот претседател предизвика бран реакции по неговата изјава, по што мораше да објаснува што навистина мислел да каже.

Трамп ги нарекол животни илегалните имигранти во државата Калифорнија на округлата маса на американските градови, кои на имигрантите им пружаат засолниште.

„Тоа не се луѓе, тоа се животни. Ги протеруваме од земјата со брзина која претходно не сме ја имале“ рекол Трамп и додал дека калифорнискиот закон им пружа засолниште на лоши престапници кои се едни од најнасилните во светот, како што се членовите на групата МС-13, криминални банди од Салвадор.

Неговата изјава предизвика жестоки реакции од демократите кои рекле дека имигрантите се луѓе. „Не се животни, не се криминалци, не се шверцери на дрога, не се силувачи. Тие се луѓе“ рекол демократскиот пратеник, Џаред Полис од американската сојузна држава Колорадо.

Потоа, Трамп морал да ја испегла својата изјава, па објаснил дека под терминот животни, мислел на имигрантите, припадници на криминални банди кои илегално влегуваат во САД, а не на другите имигранти.

„МС-13 се животни кои влегуваат во нашата земја. Кога тие ќе влезат, кога ќе влезат други членови на криминална банда во нашата земја, ги сметам за животни. И знаете што, секогаш ќе ги сметам за животни“ рекол Трамп.

Спонзорирано: