5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Земјите од Западен Балкан да си ја напишат домашната задача, порача Хан

Шесте земји кандидатки од Западен Балкан се на иста стартна позиција и секоја од нив треба да ги исполни барањата за членство со цел понатаму да стане збор за европската перспектива, изјави еврокомесарот Јоханес Хан од самитот во Софија.

„Процесот е во тек, секоја земја мора да ја напише својата домашна задача, а потоа ќе има европски перспективи“, рече Хан и додаде дека од земјите зависи со која брзина ќе се движат нагоре на патот кон Европа.

За разлика од Хан, претседателот на европскиот парламент, Антонио Тајани, и автрискиот канцелар, Себастијан Курц, оценија дека засега Србија и Црна Гора имаат најголеми шанси за влез во Европската Унија. Австрискиот канцелар во однос на Македонија рече дека очекува напредок во спорот за името.

Спонзорирано: