21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје се отвори „Копче“, проект на Црвен крст на Град Скопје

Во Скопје денеска се отвори „Копче“, новата приказна во градот и местото каде што отсега секој ќе може да придонесе во создавањето хумано и солидарно општество. „Копче“ означува колективна свест, искрени намери и заедничка цел.

„Копче“ е проект што го разви Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето облека и дистрибуција на истата до најзагрозените.

„’Копче’ е новата урбана приказна во градот која ќе ги спои хуманоста, достоинството и трудот. За жал, голем е бројот на граѓани кои добиваат ниски примања за својот труд, а не сакаат милосрдие. Отсега во ‘Копче’ секој ќе може достоинствено да си го купи своето парче облека. Хуманоста е особина, но исто така таа се учи во текот на животот. Ако се водиме според мотото на Ганди – Биди ти промената која сакаш да ја видиш во светот, тогаш ова општество ќе биде посолидарно, поправично и поемпатично“, рече Ана Јовковска.

Сите приходи кои ќе се генерираат ќе бидат повторно наменети за одржливост на овој проект и мини работилницата во склоп на „Копче“ и тимот кој ќе се погрижи секое парче облека да изгледа убаво, доколку е потребно да се попави, испере, испегла, а потоа да биде изложено за продажба.

„Неколку години ги градевме капацитетите за да можеме да отвриме second hand продавница. Успешни сме ако сите заедно придонесеме во едно општество“, рече Марина Матеска, стручен соработник за социјално хумана дејност во Црвен крст.

Спонзорирано: