3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ципрас: Има прогрес во разговорите, но не и решение

Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија (ФИРОМ) направија прогрес во разговорите за името, но сè уште не се во позиција да зборуваат за договор, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас, по средбата со премиерот Зоран Заев во Софија, пренесува „Катимерини“.

Грчкиот весник пишува дека Ципрас разговарал со новинарите на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија по средбата со Заев, кој претходно рекол дека двајцата премиери зборувале за едно решение за името кое може да биде прифатливо за двете страни.

„Надминавме голем дел од разликите, но има уште пат да се изоди. Ги разгледуваме сите детали чекор по чекор, но сè уште не сме во позиција да зборуваме за договор“, рекол Ципрас и додал дека и двете земји би сакале да видат резултати до ЕУ-самитот во јуни.

Претходно, Заев на прес-конференција во Софија рече дека со Ципрас утврдиле една опција прифатлива за двете страни.

Спонзорирано: