21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова ерупција на вулканот во Хаваи

Вулканот Килауеа на Хаваите повторно еруптираше, а исфрлениот пепел достигнал висина од 9 километри.

До експлозијата доаѓа по две недели вулканска активност и отворањето на 10 помали кратери кои исфрлале лава. Уништени се најмалку 26 куќи.

Експлозијата траела само неколку минути, а концентрацијата на пепел била мала, рекол геофизичарот Мајк Поланд.

Кратерот на вулканот се наоѓа во националниот парк Хавајски Вулкан, кој е затворен од 11 мај поради опасност од посилна ерупција. Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот.

Спонзорирано: