11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Каталонија доби нов лидер кој е решен да постигне независност на регионот

Каталонскиот сепаратист Ким Тора положи свечена заклетва како нов водач на нескротливиот шпански регион. Неговите барања за независна Каталонија дополнително ќе го продолжат конфликтот со шпанската национална влада.

Тора официјално ја презеде функцијата на церемонијата во главниот град на Каталонија, Барселона, во четвртокот. Тој беше избран од сепаратистичките пратеници на каталонскиот парламент во понеделникот.

Во знак на напнатост шпанската национална влада во Мадрид, која обично испраќа претставник на церемониите на регионалните влади, одби да присуствува на настанот. Владата во Мадрид изјави дека каталонските власти се обиделе да диктираат кои претставници на централната власт би можеле да бидат присутни – услов што Мадрид го отфрлил.

Конфликтот за иднината на Каталонија ја предизвика најлошата политичка криза во Шпанија во последните децении, иако нејзините три главни политички партии се обединија против независноста на Каталонија.

Спонзорирано: