15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЕУ не гарантира дека брегзит нема да наштети на финансиските договори

Не постои гаранција дека брегзит нема да ги раскине милионските договори, но, сепак, компаниите се должни да преземат мерки, изјави денес потпретседателот на Европската комисија.

Европските лидери го прашаа Валдис Домбровскис дали тој може да им гарантира на Европејците кои се носители на осигурителни полиси купени од Велика Британија дека истите ќе бидат исплатени откако Британија официјално ќе излезе од ЕУ.

„Не би избрзувал да давам такви гаранции бидејќи преговорите сѐ уште се во тек, а за исходот не сме 100 проценти сигурни“, изјави Домбровскис во Европскиот парламент.

Британија и ЕУ се согласија да има еден вид пасивен период на транзиција, во кој законите за Британија остануваат во сила до крајот на 2020 за да се осигура континуитетот на меѓуграничните финансиски договори од типот на осигурителни полиси и финансиски деривативи.

Спонзорирано: