19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев предмалку повлече потег кој што не го направил ниту еден премиер во последниве 12 години

Премиерот Зоран Заев ја прифати поканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за телевизиски дуел на кој би дискутирале за актуелните политички прашања во државата.

„Премиерот Зоран Заев во секое време е подготвен за ТВ-дуел со Христијан Мицкоски“, велат од Владата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа по седницата на Централниот комитет на партијата, одговарајќи на новинарско прашање за средба со премиерот Заев, рече дека би сакал таа средба да биде телевизиско соочување наместо во кабинет.

„Како претседател на најголемата опозициска партија и најорганизираната политичка сила во земјата, ќе ја искористам оваа пригода да му одговорам на претседателот на Владата на неговата покана – го повикувам Заев да се соочиме на телевизија, да дискутираме за преговорите, но и за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики“.

Спонзорирано: