14.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев и Георгиева: Успешните реформи и проекти во Македонија отвораат врати за нова значајна соработка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, кој од денеска престојува во Софија, Република Бугарија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан, денеска имаше средба со извршната директорка на Светска банка, Кристалина Георгиева.

Заев и извршната директорка Георгиева изразија заедничко задоволство од досегашната соработка и аранжмани меѓу Република Македонија и Светска банка, особено во делот на поддршката на банката во финансирањето на инфраструктурните проекти како што е рехабилитацијата и реконструкцијата на регионалните и магистралните патни правци.

Посебно внимание тие посветија на идните планови за соработка.

Премиерот Заев ја покани Светска банка да земе учество во Инструментот рамка за инвестиции на Западен Балкан (Western Balkans Investments Framework,WBIF), со нагласка на проектите во транспортот и енергетиката.

Во таа насока тој ги елаборираше проектите за енергетска независност и за борба против аерозагадувањето за што е предвидено Владата на РМ, со поддршка на Банката, да формира Фондови за енергетска ефикасност и за борба против загадувањето.

Двајцата се согласија дека во таа насока се добредојдени финансиските аранжмани кои ја препознаваат иднината за енергетска независност со поддршка за нови капацитети за обновливи енергии, особено во делот на фотоволтаичните електрични централи.

Георгиева истакна дека оптимизмот, реформите и развојот на Република Македонија во минатата година се препознаени и изрази подготвеност банката да ги земе предвид и другите проекти како што се иницијативите за трговија и транспорт од стратегијата за поврзување на Западниот Балкан што произлезе од Берлинскиот процес.

На средбата беше искажан заемен интерес Светска банка да ги поддржи проектите поврзани со локалниот економски развој на општините во Република Македонија за поголема финансиска самостојност на општините и за создавање услови за економски раст на локалните самоуправи.

Извршната директорка на Светска банка истакна дека Банката е подготвена, заедно со институциите во земјата да изготви студија за темелна проценка на идентификација на потенцијалите на Република Македонија за економски и општествен раст, која може да биде основа за идната стратегија за раст и за креирање нови работни места.

Спонзорирано: