5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Пентагон ги уверува властите во Пјонгјанг дека воената вежба со Јужна Кореја е рутинска

Пентагон соопшти дека воената вежба во Јужна Кореја била рутинска и од дефанзивен карактер кога Пјонгјанг поради неа го откажа планираниот мировен состанок со Јужна Кореја.

Полковникот Роб Менинг изјавил дека целта на вежбата била да се подобри способноста на САД и Јужна Кореја да дејствуваат заедно, пренесоа светските агенции. Вежбата започнала во понеделникот и се планира да трае до 25 мај.

Менинг додаде дека ова е годишна вежба и дека нејзиниот одбранбен карактер е јасен веќе со децении, односно дека и годинава работите остануваат непроменети во тој поглед.

Северна Кореја претходно соопшти дека морало да ги откаже преговорите со Јужна Кореја, кои се водат на највисоко ниво, поради воените вежби на Јужна Кореја и САД, а се закани и дека ќе се откаже средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот Ким Џонг-ун.

Стејт департментот објави дека нема информации оти Пјонгјанг планира да го откаже планираниот самит меѓу САД и Северна Кореја, кој е закажан за 12 јуни.

Спонзорирано: