11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Очекувам самитот во Бугарија да ги приближи пријателите од Западен Балкан кон ЕУ, порача Туск

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, оценува дека утрешниот самит на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Бугарија ќе биде можност и ЕУ и регионот да потврдат дека европската перспектива останува геостратешки избор на Западен Балкан.

„Утре ќе се состанеме со нашите партнери од Западен Балкан, првпат во последните 15 години. Тоа ќе биде можност за двете страни да потврдат како европската перспектива останува геостратешки избор на Западен Балкан“, рекол Туск.

Освен тоа, според Туск, ЕУ сака сега да покаже и дека се грижи за социјално-економскиот развој на регионот.

„Инвестиции во инфраструктурата и односите меѓу луѓето надвор и внатре во Западен Балкан се од најдобар интерес и за ЕУ, и тоа ќе биде цел на нашиот самит“, порача Туск.

Претседателот на Европскиот совет нагласил и дека очекува дека Самитот во Софија ќе донесе приближување на пријателите од Западен Балкан кон Европската Унија.

Спонзорирано: