12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мобилни тимови за правна поддршка на сиромашни семејства во посета на Куманово

Од 11 до 13 часот на плоштадот Нова Југославија во Куманово, Македонско здружение на млади правници во рамките на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“, финансиски поддржан од Европската Унија, ќе организира отворен ден со граѓаните на општина Куманово. Во периодот од 13.30 до 16 часот ќе спроведе и теренска посета на населените места с. Доброшане и с. Романовце.

Целта на отворениот ден со граѓаните на општина Куманово е од промотивен карактер и запознавање на граѓаните со формираниот мобилен тим составен од двајца адвокати и двајца правници, кои ќе обезбедуваат директна правна помош на населението од Североисточниот и Источниот Регион. Заинтересираните граѓани на општина Куманово што ќе пријават определен правен проблем, ќе имаат можност од мобилниот тим да добијат директен правен совет или правна информација.

Правната помош ќе се обезбедува со теренски посети во рурални и исклучени средини од Североисточниот и Источниот Регион, каде што живеат поединци и семејства со ниски приходи, кои поради социјалната исклученост не можат да остварат низа од своите права во разни правни области, од социјална и здравствена заштита, преку присилно извршување и правото на сопственост, па до заштита на правата од работниот односи и заштита од дискриминација. Теренските посети ќе се одвиваат во определени денови најмногу двапати месечно, во периодот заклучно со јули 2019 година.

Проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“, поддржан од Европската Унија, цели кон зајакнување на пристапот до правда на најранливите категории граѓани, со што ќе придонесе кон правно зајакнување, подобрување на законодавството и имплементација на постојните механизми кои се однесуваат на пристапот до правда.

Спонзорирано: