13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Демонстрации низ Скопје: ВМРО ДПМНЕ ќе го вади членството на улиците

Вечерва се огласи Христијан Мицковски, лидер на ВМРО ДПМНЕ, по денешната седница на извршниот одбор.

Мицковски најави голем протест на 2-ри јуни пред Владата на Македонија во 20 часот.

– Се приближува една година од владеењето на СДСМ односно од владата која што ја предводи СДСМ во коалиција со ДУИ. Гледаме дека поминува една година со неисполнети очекувања, нереализирани ветувања, економијата комплетно е разурната. Гледаме дека нема реформи ниту во образованието ниту во здравството, ниту во социјалата, апсолутно празни политички памфлети. Една година на големи разочарувања во Република Македонија и логично е да ВМРО-ДПМНЕ како одговорна, државотворна, сериозна партија, отвори внатре партиска дебата за тоа што и се случуваше на Република Македонија во изминатите скоро една година, Влада на СДСМ. Но, истовремено да понуди еден гантограм на активности кој што ќе следува во периодот понатаму.

Вчера на седницата на Извршниот Комитет и денеска на седницата на Централниот Комитет ја разгледувавме актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, ги разгледувавме актуелните теми кои што живот значат за граѓаните во Република Македонија. Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата, а тој пораз ќе започне со организирање на еден огромен народен протест кој што ќе се случи на 2-ри Јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија. Ја користам оваа прилика да ги поканам сите оние добронамерници сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Зоран Заев. Ги поканувам да ни се придружат да застанат рамо до рамо со нас, да тргнеме во офанзива, да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина., рече Мицковски.

Прашање: Тоа ќе биде еден протест или ќе следуваат серија на протести?

Одговор: Сега за сега пред јавноста ќе го откриеме овој податок дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата организира протестен собир на 2-ри јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија.

Прашање: Ги најавувате во мај, зошто доцните со еден месец, според вашите најави од претходно?

Одговор: Да, ги антиципиравме сите можни датуми во месец мај. Имавме сериозна дискусија околу термините кога би се одржал овој протестен митинг. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во фаза на реорганизација и реструктуирање, повеќе од 40 Општински комитети имаа нова или е потврдена старата структура во Општински комитет на ниво на претседател и членови на Општинскиот комитет. Како можен датум го разгледувавме 26 или 27 мај, но имајќи предвид дека тој е споен викенд, бидејќи 24 е државен празник, имајќи предвид дека е Задушница, сакавме да ја започнеме нашата кампања, односно да го започнеме поразот на оваа ненародна влада на еден чист ден и затоа го поместивме за еден викенд понатаму и одлучивме тоа да биде 2-ри јуни. Иако сме ние математички прецизни секогаш, понекогаш ни се случува да направиме ваква незначителна грешка.

Спонзорирано: