3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Апсења на големите риби бара Хан

ЕУ побара брза пресметка меѓу судството и политичарите во Албанија кои се дел од криминалните групи. Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, во изјава за германскиот весник „Штутгартер цајтунг”, што ја пренесуваат албанските медиуми, изјавил дека доколку нема апсења на политичарите во Албанија кои се вмешани во криминални активности, тогаш и ЕУ ќе ги прекине преговорите со Албанија.

„Јас може да го прифатам скептицизмот, но воедно не велам и дека Албанија и ПЈР Македонија се готови за прием. Но, потребните реформи може да бидат постигнати најдобро за време на процесот на прием“, потенцирал Хан, додавајќи дека што се однесува до законите, тие во сите шест држави во регионот се на рамниште на законите во земјите членки на Унијата. Но, во преговорите, вели Хан, посветуваме внимание како се спроведуваат тие закони и дали во случаите на корпупција соодветно одговараат и големите риби кои се во политиката.