12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Сè уште немаме договор со Грција

Сакам договор за спорот за името поради иднината на граѓаните, но не можам да кажам дека го имаме. Успехот што досега е постигнат е за почит, на маргините на ЕУ-самитот за Западен Балкан што ќе се одржи во Софија со Ципрас ќе можеме барем да ги потврдиме досегашните успеси и да ги повториме насоките за решение, овој самит не е краен рок за решение, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој истакна дека има црвена линија во преговорите со Грција и не би се согласил на решение по секоја цена, па со оглед на тоа решението може да биде одложено по самитот.

„Самитот на НАТО се одржува во јули, но тоа не е поврзано со правното формализирање на нашето членство. Со постигнување договор со Грција автоматски започнува влезот во алијасната и ратификација во парламентите. Не прифаќаме решение по секоја цена и имаме црвени линии, па со оглед на тоа решението може да дојде и подоцна“, рече Заев и додаде дека не е крај на светот ако нема решение за името во јуни.

Спонзорирано: